„Гласен Текстилец“ ги повика работниците да пријавуваат ако не им е исплатено К-15

t

Рокот за исплата на регрес за годишен одмор или познато како К-15 помина. Во денешното соопштение од НВО „Гласен Текатилец“ се вели дека правото на регрес за годишен одмор К-15 претставува законска обврска на работодавачот. Рокот за исплата на регресот е до 31 декември.

-Ве повикуваме до 15 јануари 2022 година, да пријавите доколку не ви е исплатен регрес од годишен одмор или ви е исплатен само дел од предвидениот надоместок за уредно да можеме да реагираме и пријавиме до Државниот трудов инспекторат, се со цел работодавачот да биде задолжен за негова исплата и соодветно санкциониран, велат од „Гласен Текстилец“.

Тие ги информираат работниците дека доколку во фирми каде има исплата на регрес од годишен одмор во помал износ, а имало потпишано спогодба со претставник од работниците, ќе побараат да се испита законитоста за назначување на тој претставник со целата потребна документација.

-Пријавувањето е анонимно и ве охрабруваме да пријавувате прекршување на работнички права, бидејќи заштита доаѓа најпрвин од самите вас како работници, се вели во соопштението од „Гласен Текстилец“.

Ги повикуваат ССМ и Организација на работодавачи да го ревидираат Колективниот договор за стопанството, се со цел да не се дозволува простор за манипулација и исплата на регрес за годишен одмор во помал износ од предвидениот законски износ.

-Ние како Здружение ќе продолжиме да правиме притисок правото на регрес за годишен одмор во влезе во самиот Закон за работни односи и да важи подеднакво за сите работници/чки од јавен и приватен сектор, за да не се случуваат вакви манипулации кои синдикатот ги дозволи во ОКД за приватен сектор, додаваат од „Гласен Текстилец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со право на глас на овие избори…

Со право на глас на овие избори…

Додик повторно во Русија: Имаме притисок, но…

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, повторно…

Трамп повторно ги шокираше украинците

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно го…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…