“Голема акција” на МВР: Пронајдени три запрежни возила со бесправно исечени дрвја
На 03.10.2022 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, при преземање на зајакнати мерки и активности, пронашле и одзеле бесправно исечени огревни дрва.
Имено, околу 12.00 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, биле запрени три запрежни возила управувани од У.Б.(54), И.Д.(37) и А.Б.(34), сите од Радовиш, кои биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а околу 16.00 часот во дворно место на В.И.(57) од село Ињево, радовишко, исто така, биле пронајдени огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација.
Од страна на вработени во Шумска полиција Радовиш дрвата и запрежните возила биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Лишени од слобода дрвокрадци во скопско, дрвата…
На 01.06.2025 околу 18.10 часот од страна…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…