Голема група од 150 луѓе се собира на местото на убиството, врие од полиција: Едниот од убиените бил нападнат и претходно кај “Александар Палас”

Двајцата убиени во нападот во бар во Старата скопска Чаршија се Јетон Кривањева и Енес Исени. Двајцата им подлегнале на повредите на местото на злосторството.
Неколку вооружени лица пришле на жртвите и почнале да пукаат во нив по што избегале вечерва околу 20:11 часот.
Според последните информации и трето лице кое не почина на местото на настанот, починало на пат кон болницата, додека едно лице без посериозни повреди и надвор од животна опасност е пуштено на домашно лекување.
Кривањева според повеќе медиуми на албански јазик од Македонија беше дел и од групата која беше цел на вооружен напад во скопскиот хотел Александар Палас во 2019-та година, објави Телма.
Тогаш маскирани напаѓачи стрелаа кон групата во која беа и Камер Идризи и Јетон Кривањева. Поголеми последици врз нападнатите спречил полицаец во цивил кој во тој момент седел на истата маса со нападнатите кои се од скопско Грчец. Полицискиот службеник пукал во напаѓачите во самоодбрана, а немаше сериозно повредени.
Во 2021-ва во Бутел беше убиен Камер Идризи додека се движел со автомобил, а во него било пукано од друго возило во движење. Тоа убиство не е расветлено.
Денеска пак е убиен Кривањева, а настрада и Исени кој бил во негова придружба во угостителски објект. МВР засега не дава информации дали имало и други гости во локалот каде се случил оружениот напад.
Голема група од над 150 мажи се собира на местоот на убиството, дознава Инфомакс од терен, каде има засилено полициско присуство, а на терен е и единицата за брзо распоредување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…
СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…
Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…
ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…