ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ДЕБАРСКО: Возете внимателно, има одрони!
Доцна попладнево поширокиот дебарски регион беше зафатен со обилни и интензивни врнежи од дожд, грмотевици и град. Улиците во градот се преполни со вода, но, засега нема регистрирана материјална штета.
Обилните врнежи од дожд, кои продолжуваат и вечерва, на патните правци, во поширокиот дебарски регион, предизвикаа чести одрони од камен и земја.
Од дебарската единица на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта потврдуваат дека сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.
Вообичаено на патниот правец Дебар – Маврово најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патот кон Струга кај месноста „Три чешми“, како и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.
Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар-Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар-Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост-Центар Жупа или над 110 километри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Силно невреме во Муртино, поплавени ниви и…
Силно невреме попладнево го погоди струмичкото село…
Одрони во дебарско поради обилниот дожд
Поради чести одрони и влажни коловози на…
Албански државјанин се обидел да силува жена…
Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична…
Претрес во Дебар, пронајдени пиштол и муниција
На 30.04.2025 во 16 часот полициски службеници…