ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ДЕБАРСКО: Возете внимателно, има одрони!

t

Доцна попладнево поширокиот дебарски регион беше зафатен со обилни и интензивни врнежи од дожд, грмотевици и град. Улиците во градот се преполни со вода, но, засега нема регистрирана материјална штета.

Обилните врнежи од дожд, кои продолжуваат и вечерва, на патните правци, во поширокиот дебарски регион, предизвикаа чести одрони од камен и земја.

Од дебарската единица на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта потврдуваат дека сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.

Вообичаено на патниот правец Дебар – Маврово најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патот кон Струга кај месноста „Три чешми“, како и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.

Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар-Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар-Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, потоа кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост-Центар Жупа или над 110 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бочварски: 20 милиони евра за изградба на…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Најстудено во Берово, најтопло во Дебар

Во Берово утрово е најстудено, со измерени…

Поради сообраќајка, затворен за сообраќај патот Дебар-Центар…

Патниот правец Дебар-Центар Жупа од попладнево е…

Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк

Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…

400 населени места во Украина останаа без…

Речиси 400 места останаа без струја во…