Голем пожар во струмичко: Горат 20 хектари нискостеблеста шума

t

Пожарот кој избувна претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума, се уште не е изгаснат, а пожарникарите се обидуваат да го запрат ширењето кон селото Дукатино.

Според информациите од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествуваат две против пожарни возила и 10 пожарникари, а пожарот е делумно локализиран.

-Пожарот помогнат од силниот ветер зафати нискостеблеста шума на тешко пристапен терен, информираат струмичките пожарникари.

Екипи на ТППЕ Струмица се уште се терен и се борат да го запрат ширењето на пожарот.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Струмица се одржува Државното првенство во…

Од вчера до 21 јуни во хотелот…

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…