Голем пропуст на државата кој доведе до уште една трагедија: Дискотеката „Привилиџ“ пред која беше убиен Тот немала лиценца за работа
Министерот за економија, Крешник Бектеши, за „Слободен печат“ потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа.
„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“, додаде Бектеши.
Од државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако и претходно постапувале.
Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, минатата недела до смрт претепан беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предложен притвор за осомничен за напад врз…
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…
38 степени денеска, во следните денови пожешко
Времето во текот на денов е сончево…
Вратен закон на Левица поради употреба на…
Произволното толкување на собранискиот Деловник на “велемајсторот…
Српските студенти со повик до граѓаните за…
Студентите на Факултетот за драмски уметности ги…
Гореше една од галиите на Вардар
Пожар вечерва извибна во галијата на реката…