Голем руски ракетен напад врз Украина, жртви и големи штети врз енергетски објекти

t

Русија синоќа го изврши еден од најголемите воздушни напади врз Украина во последно време, пренесуваат украинските медиуми повикувајќи се на извори во украинската армија и додаваат дека насилниот напад бил насочен кон критичната украинска инфраструктура во неколку украински региони.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила дури 81 руска воздушна цел, и тоа 30 крстосувачки ракети Kh-101 и Kh-555, 4 крстосувачки ракети Калибр, една крстосувачка ракета Искандер-К и 46 борбени дронови од иранско производство од типовите Шахед 161 и Шахед 136.

Украинската воздушна одбрана соборила 35 од 53 руски ракети и 46 од 47 руски дронови, соопшти командантот на воздухопловните сили.

Во нападот има загинати цивили.

На социјалните мрежи се гледа како 63-годишен маж збунето и очајно се свртува кон својот дом откако руски проектил С-300 веќе го уништил во текот на ноќта. Во моментот на нападот работел во ноќна смена. Кога се враќа, ги наоѓа својата сакана сопруга и ќерка закопани под урнатините.

Во друг трагичен пример, татко очајно му се јавува на својот син, но никој не одговара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…