Гори стара куќа до црквата „Свети Спас“ во старата скопска чаршија

t

Гори стара куќа во близина на црквата „Свети Спас“ во Старата чаршија во Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али соопшти дека избувнал пожар во 19:43 часот во старата куќа. Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 противпожарни возила.

Црквата „Свети Спас“ — еден од најзначајните споменици на културата во Скопје, источно од тврдината Кале. Црквата е споменик на културата заштитен со закон, и во неа е саркофагот во кого се сместени посмртните остатоци на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија Гоце Делчев (1872-1903).

Засега нема повеќе информации за причините за пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гори стара куќа до црквата „Свети Спас“…

Гори стара куќа во близина на црквата…

Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга…

Премиерот Христијан Мицкоски му испратил порака на…

(Видео) Избувна пожар во близина на „Пивница“…

Избувна пожар во близина на на „Пивница“…

Рафинеријата Панчево се гаси, Србија брои денови…

Единствената нафтена рафинерија во Србија, Панчево, влезе…

Кадиров: Подготвени сме за војна со Европа,…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ја изрази својата…