Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга дека од старт го разочарал: Советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да го подржуваат
Премиерот Христијан Мицкоски му испратил порака на градоначалникот на Струга, Менди Ќира, изразувајќи „длабоко разочарување“ поради тоа што на Денот на aлбанското знаме во оваа општина не било истакнато македонското знаме покрај албанското што е спротивно на Законот за употреба на знамињата.
– Лично му испратив порака на градоначалникот дека сум разочаран. Ме убедуваше дека така било секоја година, но не е така – рече премиерот.
Тој рече дека градоначалникот имал шанса да се истакне како натпартиски градоначалник, градоначалник на сите граѓани, но дека не го сторил тоа.
Тој додаде дека не верува дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет ќе ја поддржат работата на градоначалникот.
Не мислам дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржат работата на овој градоначалник. Му кажав дека ова му е лош почеток, а втора шанса за прв впечаток нема. Првиот беше катастрофален – додаде Мицкоски.
Тој го оцени како многу погрешен чекор протестот што за 13 декември, во Скопје, го закажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со цел да се даде поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг. Според Мицкоски, тоа е обид на Ахмети да добие кредибилитет пред конгресот на ДУИ.
– Нема поддршка од населението. Се предвидува марш од Чаир до Скендербег. Многу тешко ќе најде коалициски партнер. Нема да наиде на одобрување од меѓународниот фактор и ќе биде оценет како генератор на нестабилност во државата – рече Мицкоски за Ахмети.
Тој е уверен дека Вреди нема да го поддржи протестот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…