Господи, чувај ме од зло и дај ми сила да ги одбранам мојот дом, мојот народ, мојата Македонија – 43 години од формирањето на САЕ „Тигар“

t

На 13 март 1981 година за првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија, Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.

Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.

На 13 март 2021, покрај 40 годишниот јубилеј од формирањето на единицата, Единица за специјални задачи (ЕСЗ) беше преименувана во Специјална антитерористичка единица (САЕ).

САЕ Тигар е организирана како посебна единица во Бирото за јавна безбедност со намена за:

  • Планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот.
  • Решавање заложнички ситуации и ситуации со забарикадирани опасни лица.
  • Апсење криминалци и криминални групи.
  • Решавање ситуации во случај на пружање отпор со огнено оружје.
  • Обезбедување загрозени ВИП личности и објекти.
  • Давање асистенција во борбата против организираниот криминал.
  • Спасувачки мисии во високопланински и други недостапни терени.
  • Обука и едукација на кадри.

Заклетва на САЕ „Тигар“:

Господи, чувај ме од зло и дај ми сила да ги одбранам мојот дом, мојот народ, мојата Македонија. Амин!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…

И денеска може да подигнете лични карти,…

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…