Гостиварци од 17 до 42 години групно се тепале за Нова година, повредиле и полицајци

t

Полицијата поднесе кривични пријави против 12 луѓе кои на 1 јануари се степале во кафеана во градот, во тепачката употребиле тврди предмети, а при обид да бидат раздвоени, повредиле двајца полицајци кои дошле да интервенираат, велат од МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.И.(28), Џ.Џ.(28), С.Џ.(23), Џ.Х.(30), Р.С.(22), Ј.А.(45), М.Р.(26), А.Б.(22), И.Р.(47), Ш.Х.(49) и Б.Р.(17), сите од Гостивар и М.Х.(42) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 01.01.2023 во угостителски објект на улица „Илинденска” во Гостивар, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што биле употребени и тврди предмети, а при интервенција двајца полициски службеници се здобиле со повреди“, се вели во полициското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…

МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…

Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…

Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…

Деветгодишно дете тешко повредено откако го прегазиле…

Девојче на возраст од девет години од…

Крвава пресметка во Карпош – ученици се…

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ се…