Гостиварчанец на диво си изградил 22 бетонски столба, а градежниот инспектор не го сопрел, двајцата добија кривични пријави
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С. С. (35) од с. Речане, Гостиварско, под сомнение за сторено кривично дело бесправно градење, и против В. Р. (42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
„Во март 2025 во гостиварска населба, првопријавениот, во својство на сопственик на објект во изградба, изградил 22 бетонски столба, без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган. А второпријавениот, овластен градежен инспектор при Општина Гостивар, по доставена пријава од МВР поради сомнение за сторено кривично дело, не излегол на терен и не извршил увид на градбата“, соопшти МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава и против А. Е. (44) од Гостивар за бесправно градење оти во текот на февруари 2025 година во населба во Гостивар, на парцела сопственост на друго лице, изградил приземје и кат без одобрение за градење издадено од надлежен орган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гостиварчанец на диво си изградил 22 бетонски…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Уапсени пет лица во тетовско и гостиварско,…
Лишени се од слобода пет лица од…
Кривичен одлучи: Напаѓачот на Арсовска оди во…
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје…
Според ВЛЕН Арсовска сакала да предизвика „меѓуетнички…
Вчерашниот случај со градоначалничката на Скопје, Данела…
Витина: И денес без срам се гради…
Советничката во Советот на Град Скопје и…