Витина: И денес без срам се гради на спорната дивоградба во Чаир, иако поднесена е пријава
Советничката во Советот на Град Скопје и една од најблиските соработнички на градоначалничката Данела Арсовска, Ирена Витина информира дека и понатаму се гради на спорното место каде што вчера беше нападната Арсовска при увид на дивоградбата. Витина сподели со јавноста дека спорната градба е во непосредна близина на полициската станица Чаир.
„И покрај нашето вчерашно присуство на терен и поднесената пријава до надлежните органи за небезбедна зграда дивиградба која без документи се гради на булевар Никола Карев, сепак без срам денес продолжуваат градежните активности на истата дивоградба која се наоѓа на 100 метри од полициска станица. Работата се одвива непречено, пред очите на Министерството за внатрешни работи, без никаква интервенција и без реакција од другите надлежни институции. Овој случај уште еднаш го отвора прашањето каде се институциите и зошто не постапуваат“, прашува Витина.
Таа потсетува дека МВР, државната градежна инспекција на министерството за транспорт и општинските градежни инспекциски служби на општина Чаир имаат законска обврска веднаш да го спречат понатамошното незаконско градење и да обезбедат соодветна одговорност за сите инволвирани.
„Граѓаните имаат право на уреден, безбеден и законски регулиран простор. Толерирањето на небезбедни дивоградби, особено кога тие се градат и по официјално поднесени пријави, е директно кршење на правниот поредок и ја поткопува довербата во институциите. Се потврдува изјавата на еден од полициските службеници каде бевме вчера скоро 3 часа во полициска станица Кисела Вода, дека на определена територија во општина Чаир немаат никаква моќ на постапување. Очекуваме итна реакција да се спречи беззаконието, законот мора да важи еднакво за сите“, потенцира Витина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…
Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…
Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…