Го прогласија за умрено: ЕУ бара измена на договорите со Фајзер, не се потребни толкави количини вакцини
Владите на Европската унија го засилија притисокот врз Фајзер и другите производители на вакцини повторно да преговараат за договорите, предупредувајќи дека милиони дози вакцини кои повеќе не се потребни ќе пропаднат.
За време на најтешката фаза на пандемијата на коронавирусот, Европската комисија и европските влади, стравувајќи од недостиг, се согласија да купат големи количини вакцини, главно од американскиот Фајзер и партнерот Бионтех од Германија. Откако пандемијата престана во Европа и се забави вакцинацијата, многу земји сакаат измени на договорот за да се намалат пратките, а со тоа и нивната цена. Прашањето беше дискутирано на состанокот на министрите за здравство на ЕУ во Луксембург, иако ЕК останува внимателна околу тоа што може да се постигне.
Полска, земја која води во повиците за ревизија на договорот, има на залиха повеќе од 30 милиони дози вакцина, а според постоечкиот договор треба да купи уште 70 милиони дози, изјави полски дипломат.
Полска има речиси 38 милиони жители, а 60 отсто од нив се целосно вакцинирани, не вклучувајќи ги „бустер” дозите.
Во ЕУ просекот е 70 проценти.
Во писмото до ЕК претходно овој месец, полскиот министер за здравство Адам Ниџиелски и неговите колеги од Хрватска, Бугарија, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија и Романија повикаа на „намалување на количината” на нарачаните вакцини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…
Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…
„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…