Го снема “МАКЕДОНСКИ”: Г.г. Стефан бара извинување од МРТ поради кратење на неговата титула „Архиепископ Охридски и Македонски”

t

 Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан реагира и бара извинување од МРТ за тоа што за време на синоќешниот Божикен концерт што беше пренесуван на МТВ1 на кајронот наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски“.

– За време на вчерашниот Божикен концерт на празнични песни – одржан како завршен дел од манифестацијата „Бадникови поворки“, беше направена груба, се надеваме ненамерна, грешка. Имено, за време на Нашиот благодарствен говор на кајронот на МТВ1 наместо титулата „Архиепископ Охридски и Македонски“ стоеше скратената титула „Архиепископ Охридски.

Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната. Верувајќи дека ќе излезете во пресрет на ова наше Барање и дека во иднина нема да се прават вакви сериозни грешки, Ве поздравуваме со торжествениот христијански позив:

Х Р И С Т О С   С Е   Р О Д И!, се наведува во реакцијата на поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан до директорот на јавниот сервис Македонска радио-телевизија (МРТВ) Марјан Цветковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…

(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…

Бидејќи се поделивме по сите основи, без…

Божиќно пocлание на г.г. Стефан: Да подариме…

Божјата љубов кон нас се покажа во…