Грабежи во две цркви во Скопје – една останала и без црковното ѕвоно
Во изминативе неколку дена, две православни цркви од Скопје биле ограбени од страна на засега непознати луѓе. Грабежите се случиле со употреба на физичка сила и со погоден алат, а од едната црква освен разни предмети е украдено и ѕвоното од камбанаријата.
Првиот случај бил пријавен вчера изутрина, а според пријавата, непознати сторители во периодот меѓу 18 и 19 мај, упаднале во дворен објект на црква во селото Сопиште. Со насилно отворање и користење на погоден алат, од објектот се одземени повеќе предмети, меѓу кои и црковното ѕвоно.
Вториот случај, пак, е пријавен ова утро и се работи за грабеж на црква во центарот на Скопје. Според информациите, кражбата се случила на 18 мај во попладневните часови, помеѓу 17:00 и 17:45 часот. При овој грабеж, крадците исто така употреИ во овој случај, крадците употребиле сила и алатки за да влезат во објект во кругот на црквата, од каде одзеле вреден предмет, за кој не се наведува што точно е украдено.
Во двата случаи, од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…