Градоначалникот на Илинден изнудувал донации од инвеститори – Поднесена е пријава во МВР!
И Ѓоковиќ би им позавидел на рекетите од ДПМНЕ
Старата народна вели „крадецот вели држете го крадецот“. Додека од дувлото и ботовите на ДПМНЕ секојдневно излегуваа клевети дека овој или оној е рекетар, криминалец, мафијаш, нивните функционери, веројатно со амин „од горе“ изнудувале донации од бизнисмени и инвеститори по општините и тоа за милионски суми.
Ама се наоѓаат „фиљан“ луѓе кои не им се плашат. Ај да почнеме со ред.
Рекет-шема во Општина Илинден
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, си развил шема за изнудување на донации во Општината, барем според пријавата која е поднесена против него во МВР. „Ако сакате да мрдне нешто, ќе треба да помогнете со донации“ вели градоначалникот во разговор кој ќе го прочитате малку подоцна.
Инвеститор во Илинден, на 16.04.2024 година поднесе пријава во Министерството за внатрешни работи против градоначалникот Георгиевски за изнуда. Накратко, инвеститорот има проекти и работи проекти во општината повеќе од шест години, се работи за градежни објекти. Службите во општината по наредба на градоначалникот ги кочат проектите на семејството Тошевски, со цел да се изнудат „донации и помош“ од инвеститорот, односно „ќе дадете за да ви завршиме работа“ која работа законски секако мораат да ја завршат!
Во продолжение дел од пријавата во МВР:
– „Сакам да укажам на полициските счужби, дека фамилијата Тошевски со фирми и физички лица е присутна со инвестиции во о.Илинден од 018 година навака, кадешто по доаѓањето на новиот градоначалник Александар Георгиевски, се што е поврзано со нас, се кочат, документи од 1 месец до 11 месеци во постапување наместо три дена до 15 дена.
Првата комуникација со Александар Георгиевски беше по телефон бидејќи не можеше да закажеме состанок во општината по што во 2023 година, во 13 часот не прими кадешто ни беше укажано, доколку сакаме да функционираме во општина Илинден ќе мора да помагаме со донации ако сакате да ви се движат предметите. На 10.05.2022 беше потпишан договор за онации на една од нашите фирми од 6 милиони денари кадешто нашиот дел беше 3 милиони денари.
На 30.05.2022 година тој ни кжа дека еве нешто за нас мрднало на совет но предметот од 24.11.2022 година се уште не беше постапено од претходникот на Александар Арсовски, односно Кирил Димески, за што беше опоменат и градоначалникот и Кирил, но Кирил телефонски ни се закануваше во врска со постапката и прв не побара на вибер за да се слушнеме и видиме…
На 10.08.2022 година во комуникација со градоначалникот Александар Геогриевски во врска со изведбата на нашата донација добивме и порака дека во утрешниот ден ќе дојде да не види и ќе се договориме за други донации и анекси..
…
Како менаџер на сите фирми Агантон сопственици Тошевски и во Р. Македонија и во Р.Бугарија и во Р.Грција го советував мојот син Иван Тошевски да прифати донација од некоја од неговите фирми бидејќи подобро е да изгубиме уште 7 милиони денари, отколку да ни стојат постапки…“
Понатаму лицето кое го пријавува Александар Георгиевски објаснува дека тие како инвеститори имаат кредити во банки, средства што треб да ги подмират и луѓе со кои склучиле преддоговори за инајмување или продавање на станови и истите ќе бидат измамени, а фирмата се доведува во опасност доколку работите кои законски мора да течат, не течат и доколку службите не престанат да ја блокираат работата намерно.
Сега, уште еден дел од пријавата:
– „На 12.08.2022 година мојот син го потпиша Анекс-договорот од 13 милиони денари со градоначалникот Александар Георгиевски, при што при изведбата на работите од договорот од донацијата градоначалникот се фотографираше во нивните весници и фејсбук-страници. Но Кирил Димевски сепак се уште не постапуваше по предметот се до нашата пријава до влада на РСМ кадешто по нашата пријава тој даде оставка од договор за ангажирање во о.Илинден. По укажување на градоначаликот од здравствени причини, а по укажување на Кирил ЛИЧНИ ПРИЧИНИ, бидејќи градоначалникот беше задолжен од владата да ни одговори во рок од 7 дена“ на што градоначалникот одговорил дека не се работи за опструкција.
– „Градоначалникот Александар Георгиевски ги користи своите служби да изнудува уште донации од нас за што бараме случајот да го пријавите во Огранизиран криминал и корупција за да престанат опструирањата поврзани со нас бидејќи уредно плаќаме даноци, успешно реализиравме проект од 10 милиони дена во о.Илинден каде живеат 192 семејства…“ – се вели во пријавата.
Добра шема, нема што!
Ако сакате да инвестирате, да работите, да вработувате луѓе, да градите домови за луѓето, ќе мора да капне некоја крупна капка и кај функционериве, во случјот градоначалникот и уште неколку лица од Општината кои му се блиски соработници.
Никој не реагира
Она што е најстрашно, е што веќе трет ден по ред, откако е пријавено во МВР дека градоначалникот Александар Георгиевски изнудувал донации од инвеститори, со конкретни датуми, постапки, разговори и докази, од страна на МВР и на ОЈОГОКК не е преземено ништо!
И како Македонија ќе биде правна држава и како некој ќе сака да инвестира и да отвора нови работни места во државава ако знае дека кога ќе тропне на врата со готов проект ќе му побараат „донација“?
И за крај, бидејќи од ДПМНЕ секојдневно „апсат“ (иако има народна и за тоа и вика „куче што лае не каса“), дали истите ќе се самоуапсат. Дали министерот Панче Тошковски ќе го уапси градоначалникот на општина Илинден кој му е сопартиец, претседателката на Советот Верче Мицевска која му е сопартијка и се споменува во пријавата, лицата во секторот за урбанизам кои со години го прекршуваат законот? Ќе се повика ли некој барем на разговор во станица, ќе почне ли правдата да функционира во оваа држава?
И да… И Ѓоковиќ би им позавидел на рекетите од ДПМНЕ…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…