Градоначалникот на Крива Паланка натепал граѓанин болен од рак во сопствениот кабинет: Поради административна грешка граѓанинот плаќал данок на имот со години во име на туѓо лице

t

Ристовски Донче од Крива Паланка со години плаќал данок на имот за својот дом во Крива Паланка, но поради административна грешка парите кои тој ги уплаќал на државата завршувале на туѓо име на лице со исто име и презиме, но различен матичен број.

Донче Рисовски боледува од тешка форма на рак и редовно прима хемотерапија и поради неговата болест зема инвалидска пензија која не е повеќе од 10 илјади денари месечно.

Кога добил предупредување дека ќе оди на извршител за обврска кон државтаа која редовно ја извршува, Донче се одлучил решение да побара во општината за да истите давачки не ги плаќа по втор пат бидејќи и онака едвај крпи крај со крај за да го помине месецот.

Во општината му посочиле дека данокот ќе мора да го плати, но најпрвин ќе треба да му се вратат парите кои ги плаќал во туѓо име. Сепак поради нова административна грешка во решението од општината поучен од проблемите кои ги имал во минатото, Донче Ристовски веднаш се вратил во општината за да ја разреши новонастанатата ситуација.

Во решението кое го добил граѓанинот од општината наместо Донче Ристовски стоело Дончо Ристовски, односно името на граѓанинот било повторно погрешно заведено.

Откако бил исмеван од вработените во општината се решил лично да побара помош од градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски.

Во кабинетот на градоначалникот Ристовски од градоначалникот Митовски наместо помош добил удари во лицето по кои едвај останал на нозе.

Откако Ристовски му посочил на градоначалникот дека општината направила нова грешка и дека тој како граѓанин мора да добие квалитетна и навремена услуга, градоначалникот Митовски најпрво му се обратил со погрдни зборови и навреди за потоа да му зададе два удари во пределот на брадата.

На Ристовски му се нафрлил и шоферот на градоначалникот кој му ги фатил рацете да не може да се брани, а го нападнала и секретарката на градоначалникот.

Настанот Ристовски го пријавил во полицијата, а ја обезбедил и потребната лекарска документација со која ги докажува повредите.

Донче е подготвен да сведочи пред камерите на сите телевизии за немилиот настан, а и покрај болеста е голем борец кој најавува правна битка до крај за сите навреди понижувања, физичкиот напад како и административните грешки кои скапо го чинеле досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…