Градоначалникот на Мадрид со драматично предупредување: Останете дома
Градоначалникот на Мадрид денеска ги повика сите жители да останат дома, додека главниот град се подготвува за силен дожд и невреме што ќе погодат делови од Шпанија.
Националната метеоролошка агенција АЕМЕТ издаде максимално црвено предупредување, што значи можна екстремна опасност за денеска во регионот на Мадрид, провинцијата Толедо и градот Кадиз. Во Мадрид за 12 часа може да наврнат и до 120 литри дожд на метар квадратен.
„Поради исклучителна и ненормална ситуација, во која ќе бидат соборени рекорди за врнежи, ги молам жителите на Мадрид да останат дома“, напиша градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида на Икс, поранешен Твитер. Темни облаци од бура се собраа над Мадрид во раните попладневни часови, но многу луѓе беа надвор и наоколу како и обично.
„Мислам дека (црвениот аларм) е добра идеја“, рече жител на Мадрид, Мануел Лоро (42). „Најдобро е да не го користите автомобилот денес. Најјако ќе биде во шест часот, па ќе си одиме дома порано“.
Службите за итни случаи на Мадрид испратија пораки до жителите во кои ги предупредуваат на опасност од поплави и ги советуваат да не користат возила. Ла Лига го одложи вечерниот натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Севиља на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Во Алканар, Тарагона, на источниот брег на Шпанија, службите за итни случаи исто така ги ограничија жителите во нивните домови поради поплави по 215 литри дожд на квадратен метар во изминатите 24 часа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…