Објавено на:

Градоначалникот на Пустец: Нема дозвола за отворање на бугарски клуб во Пустец, ние знаеме дека сме Македонци и тоа не може да го смени никој!

t

Во Пустец, Мала Преспа, денеска нема да се случи отворање на бугарски културен клуб, најавено од бугарската Фондација Македонија.

Од Фондацијата доцна синоќа на Фејсбук објавија дека ќе чекаат регистрација на клубот во албанските надлежни институции, па потоа ќе организирале свечено отворање.

– Поради одложена регистрација на Бугарскиот културен клуб утре го откажуваме свеченото отворање, но заедно во 13 часот ќе го прославиме 24 мај, денот на бугарската писменост, стои меѓу другото во објавата.

Претходно, градоначалникот на оваа единствена македонска општина во Албанија, Пали Колефски, за МИА изјави дека нема издадена дозвола за отворање на клубот.

– Нема дозвола од надлежните албански институции за отворање бугарски културен клуб. Ова го прават со цел да им се даде публицитет. Повеќе од очигледно е дека е провокација кон Македонија, рече Колефски.

Додаде дека пред околу осум месеци момче од Пустец студент во Бугарија изнајмил под кирија простор во приватен објект.

Тој побара да не им се дава внимание на овие провокации.

– Ние знаеме што сме, Македонци и тоа не може да го смени никој, а најмалку неколкумина кои за личен интерес си го продаваат најсветото-македонскиот идентитет, посочи Колефски во вчерашната изјава.

За оваа најава, навремено биле информирани надлежните служби во округот Корча, каде територијално припаѓа општина Пустец.

Сега на потег е Македонската партија (МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски која е дел од власта, односно во коалиција со социјалистичката партија на Еди Рама, од каде и токму може да се изврши и притисок и да не се дозволи отварање на бугарски клуб во Мала Преспа, бидејќи во оваа област и на цела територија живеат само чистокрвни Македонци, а неколку Бугари можат да се најдат само во нивната амбасада во Тирана.

Време е македонската партија да го покаже својот авторитет како дел од власта и да го блокира овој процес на постојани провокации и омаловажувања на македонската заедница од страна на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…

Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…

Лани 2.805 Македонци добиле германско државјанство

Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство…