Градоначалникот на Љубљана меѓу најмоќните луѓе во Словенија: Доби јавно извинување од министер

t

Словенечкиот неделник „Репортер” објави дека долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ е меѓу 10. најмоќни луѓе во Словенија, а за тоа говори фактот што доби јавно извинување од министерот за здравство на Словенија, Данијел Бешиќ Лоредан.

„Репортер” наведува дека јавното извинување е понижувачко за министерот за здравство, а всушност е јавна демонстрација на сила.

Лоредан Бешиќ го критикуваше Јанковиќ дека е одговорен за кадровските проблеми во љубљанскиот Здравствен дом, како и оти сака да затвори два единици од здравствениот дом и да го продаде земјиштето на кое се наоѓаат, што Јанковиќ „со згрозување” го отфрли.

„Репортер” тврди дека реформата во здравството што ја најавија актуелниот премиер Роберт Голоб од Движењето за слобода (ГС) и неговиот сопартиец, вицепремиерот и министер за здравство Даниел Бешиќ Лоредан, ќе бидат одлучувачки за успехот или неуспехот на словенечката Влада.

Владата на Голоб, формирана по парламентарните избори во април 2022 година, според предвидувањата на економистите, се очекува да се соочи со многу други искушенија поврзани со војната во Украина, енергетската криза и кризата со снабдувањето со храна

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…

Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

СТРАШНО: Нови снимки од невремето во Љубљана

Големо невреме вчера ја зафати Љубљана, а…

Музиката од култната југословенска серија ечеше на…

Музиката од култната југословенска серија „Отпишани“ ечеше…

ГОЛ ВО 95. минута! Јовиќ ја спаси…

Фудбалската селекција на Србија го впиша првиот…