Објавено на:

Градоначалникот Хекуран Дука да ги остстрани фашистичките симболи во Дебар

t

Левица бара градоначалникот на Дебар да ги отстрани фашистичките симболи и мапите на „голема Албанија“ од една од најпрометните локации во градот, откако вчера Инфомакс објави дека никој не се труди да ги отстрани ваквите срамни симболи од Дебар.

– На едно од најфрекфентните места во Дебар, експлицитно се исцртани фашистички симболи, за што Левица апелира до Градоначалникот на Дебар – нивно итно отстранување.

Станува збор за графити со карта на балистичката творба „Голема Албанија“, како и кукаст крст или „свастика“ – симболот на нацистичка Германија, кој претставува универзален симбол на фашизмот. Графитите се исцртани на веќе иронично наречената улица „Братство-Единство“.

Левица јавно ги повикува градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука, и надлежните служби во Општина Дебар во најкус можен рок да ги отстранат овие провокаторски симболи, а воедно и јавно да го осудат присуството на фашистички симболи во јавниот простор!

Ова дело го претставува само последниот акт на отворено глорифицирање на симболи, кои се повикуваат на екстремно застапената фашистичка идеологија и со тоа директно задираат во и така кревките меѓуетнички односи во Македонија.

Овој чин поттикнува целосно непотребна омраза во една од малкуте преостанати општини во кои несегрегирано живеат повеќе етникуми.

Популарноста на ваквата иконографија нас како партија не нè изненадува, бидејќи, за жал, во Македонија постојат повеќе политички субјекти кои се претставници на фашистичката идеологија особено во т.н Албански блок. Станува збор за коалицијата „Европски Фронт“ предводена од терористичката ДУИ, како и коалицијата „Вреди“ која ја сочинуваат, исклучиво, необалистички партии.

Ја потсетуваме јавноста дека Политичката партија Левица уште во 2022 година во Собранието на Република Македонија поднесе предлог-резолуција против глорификација и рехабилитација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици, но очигледно е дека до ден денес оваа резолуција се чува во фиока. – велат од Левица.

Детали на линкот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…

Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…

Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…

Остра реакција на МАЕИ и партиите на…

 Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…

Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…

Албанскиот парламент по  маратонска расправа, доцна синоќа,…