Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат мерки за намалување на загадувањето, велат од СДСМ
Од СДСМ критикуваат дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо 2 години за загадениот воздух во Скопје.
-Иако ДПМНЕ има градоначалници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови по управните и извршните одбори, не преземаат буквално ништо, тврдат од СДСМ.
Според владеачката партија, нема мерки за намалување на актуелното загадување, ниту пак долгорочни решенија.
-Нема нови зелени површини, нема нови дрвја. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, нема никакви еколошки проекти, не се инвестира во заштита на животната средина, туку напротив, парите за таа намена постојано се намалуваат. Градоначалниците на ДПМНЕ ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место, стои во соопштението од „Бихаќка“.
Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот, а скопјани се гушат од воздухот штетен по здравјето. Според платформата „IQAir“, утрово главниот град е втор најзагаден во Европа, после Сараево, а 26-ти во светски рамки. Индексот на квалитет на воздухот е 99.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…