Градот Скопје обезбеди термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1

t

Градот Скопје обезбеди термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1, соопшти денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на нејзината Фејсбук страница.

– Обезбедивме термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1, кои го олеснуваат складирањето и чување на инсулинот кој тие го користат со одржување на константна температура. Заедно со Катерина Јовановска, член на комисијата за унапредување на правата на пациентите и член на Советот на Град Скопје, претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија Баланс МК и Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија симболично ги доделивме термос инсулинските торбички.

Пред присутните се обратија и д-р Александра Јанчевска, раководител на Одделот за ендокринологија при Клиниката за детски болести, Наташа Д. Димитриевска, претседател на Баланс Мк и Татјана Јордева, секретар на СЗДМ. Втората група на торбички ќе се дистрибуираат преку Клиниката за детски болести до крајните корисници.

Подаваме рака на сите наши сограѓани кои се соочуваат со здравствени предизвици и правиме се во рамки на нашите можности да им го олесниме животот и секојдневното функционирање. Особено се грижиме за нашите најмлади, за децата, за да им го направиме детството посигурно и безгрижно.

Градот Скопје е силен поддржувач преку многубројните системски, сеопфатни и иновативни програми за здравствена и социјална грижа со кои внесуваме промени во општеството и на кои посветено и континуирано работиме.

Иницијативата на Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје за набавка на термос инсулинските торби со фреон за деца до 18 години со дијагноза дијабет тип 1, се реализира како заедничка активност со Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита при Советот на Град Скопје, и е дел од Програмата за активности од областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…

Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…