Градот Скопје распиша Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за обештетување од каснувања од бездомни кучиња
Град Скопје објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје
Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.
Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:
– 1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози
– 2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.
Рокот за пријавување е до 17.05.2022 година.
Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот www.skopje.gov.mk/media/8536/јавен-повик-за-избор-на-членови-на-комисија-mkd.pdf
Лицата заинтересирани за аплицирање, прашања за појаснување на јавниот повик, може да поставуваат до Сектор за правни работи. Контакт тел: (02)3297- 348 и (02)3297-259 и e-маил адреса: [email protected].
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…