Град Скопје бара извинување од Златев и “Лидер” во рок од 48 часа: Срамно, на граница со мизерност и политички очај е ставањето на меѓународна хуманитарна катастрофа во дневнополитички теми

t

Градот Скопје бара извинување во рок од 48 часа од страна на лицето Љупчо Златев и порталот Лидер кои објавија дека инспектори на градот ги бркале од плоштадот Македонија лицата кои собираат донации за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.

Во продолжение соопштението на Град Скопје:

Дегутантно и срамно е однесувањето на поединци, кои сакаат да позираат како т.н. новинари, злоупотребувајќи хуманитарна акција за собирање на потребни средства за луѓе кои настрадаа од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција, и уплати парични средства за помош на Сирија и Турција во фондот на Црвениот Крст во вкупна висина од шест милиони евра.

Со индигнација ги демантираме гнасните лаги дека наводен инспектор во градот Скопје „ги бркал“ луѓето кои собираат хуманитарна помош!

Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот „Македонија“ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија.

Срамно, на граница со мизерност и политички очај е ставањето на меѓународна хуманитарна катастрофа во дневнополитички теми. Просто неверојатно е со каква леснотија се лаже за вакви чувствителни теми.

Но, срамот не е на градот, туку на поединци кои ги креираат и шират овие лаги!

За вака изнесените невистини, бараме извинување во законскиот рок 48 часа од лицето Љупчо Златев и порталот Лидер, во спротивно правдата за овие ноторни и дегутантни лаги ќе ја бараме на суд! – стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…