Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денес уште еднаш ја потврдија нивната владејачка коалиција во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денес уште еднаш ја потврдија нивната владејачка коалиција, која очигледно е актуелна и во Советот на град Скопје.
Она што јавноста треба да го знае е дека токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои годишно земаат скоро половина милион евра во паушали, трет пат ја одбиваат одлуката за купување на нови, модерни и еколошки автобуси кои треба да го заменат стариот возен парк на ЈСП Скопје, но и да понудат европски стандарди во јавниот превоз.
За жал, очигледна е потребата на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да го кочат напредокот на градот, како што тоа досега го правеа и со државата. Ја кочат секоја одлука која не е нивна иако е во корист на граѓаните. За овие две вледејачки партии, единствен интерес се процентите и тендерите. Оваа одлука не ја гласаат единствено поради тоа што се оневозможени повторно да прават криминал.
Предлог одлуката за купување на нови еколошки автобуси ќе биде предложена на секоја следна седница на Советот. Се надеваме дека партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се вразумат и ќе одлучат во корист на граѓаните на градот Скопје.
*Соопштение на Градот Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…