Град Скопје ги лови дивите превозници: Инспекторите одземаа девет дозволи

t

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници, информираат од Град Скопје.

Градот Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел сузбивање на дивите превозници на територијата на градот. Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, стои во соопштението од градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…