Град Скопје и годинава со финансиска поддршка за дневните центри за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови на Црвениот крст на град Скопје

t

Градот Скопје и годинава со финансиска поддршка на дневните центри за стари лица и центарот за давање помош во домашни услови на Црвениот крст на град Скопје, објави на Фејсбук гардоначалничката Данела Арсовска.

Со овој социјален сервис се подобрува квалитетот на животот на над 800 лица. Повеќе од 150 лица од целиот град ги посетуваат дневните центри со локација во Домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз во Центар, Црвен крст Чаир и Дитурија во Сарај.

Со овој сервис опфатени се и 200 изнемоштени стари лица кои живеат сами на територија на општините Центар, Чаир, Сарај, Шуто Оризари, Бутел, Кисела Вода, Kарпош, Аеродром и Ѓорче Петров кои добиваат грижа во домашни услови.

Градот Скопје ја следи работата на постојните центри и во соработка со Црвениот крст на град Скопје континуирано работи и развива програми и проекти што им помагаат на старите лица да имаат повисок квалитет на живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…