Град Скопје објави јавен оглас за приватни превозници кои ќе ги опслужуваат линиите 9, 11 и 12
Градот Скопје објави оглас за приватни превозници кои ќе ги опслужуваат линиите 9, 11 и 12.
За опслужување на овие линии се потребни минимум 22 автобуси. Во претходниот оглас, кој ќе трае до 10 јануари, се бараат превозници за линиите 20 и 22.
Како што е наведено во денешниот оглас на линијата 9 ќе возат заеднички и автобусите на ЈСП и на превозникот што ќе биде избран.
– Право на учество на јавниот оглас за доделување на пакетот линии и за давање дозволи за вршење линиски превоз на патници во градот Скопје од доделениот пакет имаат превозници – правни лица и трговци поединци, поединечно или организирани како група, кои ќе ги исполнат условите утврдени во документацијата за јавниот оглас и ќе достават банкарска гаранција или ќе го уплатат гарантниот депозит за учество на јавниот оглас. Документацијата за јавниот оглас може да се подигне секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, во просториите на Град Скопје – Сектор за сообраќај (барака број 14), на булевар Илинден број 82, со приложување доказ за уплатени неповратни средства (надоместок за подигнување на документација за јавен оглас) во износ од 4.000 денари – се прецизира во огласот.
Како дел од пријавата, подносителот треба да обезбеди и гаранција за учество на јавниот оглас во форма на банкарска гаранција или депонирани средства во висина од 20.000 денари.
Пријавите со потребната документација треба да се доставуваат заклучно со 17 јануари 2023 година до 12 часот, а отворањето на понудите ќе се одржи на 24 јануари во 9 часот во барака 13 во Град Скопје. Пакетот на линии на избраните превозници ќе им се додели за период од две години, со можност за продолжување, но не повеќе од вкупно пет години.
Постапката за доделување на линиите и за давање дозволи за вршење линиски превоз на патници ќе ја спроведе Комисија формирана од градоначалникот, и откако ќе заврши постапката, градоначалникот ќе донесе решение за секоја линија од доделениот пакет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…