Град Скопје поднесе пријава против непознат сторител, намерно исекол кабли на Железничкиот мост во Карпош
Град Скопје заедно со Општина Карпош, денеска поднесе пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на т.н. Железнички мост во населбата Хром, на булеварот Васил Чакаларов, во текот на минатата вечер намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.
Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки – велат од Град Скопје.
Оттаму апелираат до сите институции да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…