Објавено на:

Град Скопје со експресна реакција: Ќе се отстранува урбаната опрема на јавна површина во Дебар Маало – тротоарите се за граѓаните!

t

Советниците од Шанса за Центар до општината поднесоа претставка со која се бара итно да се ослободат тротоарите за пешаците. „Никаде во светот, освен кај нас, нема примери каде децата и количките со бебиња одат по улица за да се паркираат слободно џиповите на тротоар, а пак, угостителите со лента си го затвораат просторот“, наведува меѓу другото Шанса за центар.

На ваквата реакција на Советниците од Шанса за Центар итно реагираше Град Скопје од каде велат дека веќе постапуваат инспекциските служби од градот.

На прашање на Инфомакс од Градот Скопје, велат дека за посочениот угостителски објект веќе постапиле инспекциските служби од Градот Скопје и согласно Записникот од извршениот надзор сопственикот е задолжен во рок од пет дена да ја отстрани урбата опрема од јавната површина затоа што за нејзиното поставување нема соодветна дозвола од надлежен орган.

Граѓаните на Дебар Маало, пријавува дека тротоарите и површините за пешаци се узурпирани од угостители и од паркирани возила, со што е загрозена безбедноста на луѓето и особено на најранливата категорија – децата. Притоа се потсетува дека многупати е реагирано како до Општина Центар, така и до другите надлежни институции, но и до МВР и дека одговорите од нив се сведувале дека се постапува според законските одредби или пак, како што се додава од Шанса за Центар, не се добил ниту никаков одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…