Град Скопје со реакција на прес-конференцијата на Алијанса за Албанците
Пред да се дрзнат со изнесување на лаги и манипулации насочени кон Град Скопје, апелираме Алијанса за Албанците прво да погледнат кон своите кадри и да побараат реакција од надлежните државни органи да превземат соодветни мерки за незаконското постапување на градоначалникот на општина Гостивар, а потоа да коментираат за други.
Градот Скопје апелира до сите надлежни државни институции да направат ревизија на поставените раководни кадри во седум училишта во општина Гостивар, кои на целосно незаконски, нелегитимен и нетранспарентен начин без поседување уверение за директор се поставени и тоа во СОМУ Гостивар, ООМУ Енвер Стафаи, СЕОУ Гостивар, ОУ Гоце Делчев, ОУД Бранко Станоевиќ и ОУ Прпарими.
Жалиме што Алијанса за Албанците, на кои не им успеваат притисоците врз градската администрација да постават нивни кадри по партиски клуч, мораат да посегнат по вакви лаги и манипулации.
Кадрите на Таравари се раководни лица во институцијата која ги контролира сите наводи, прави по нарачка селективни напади и политички се пресметува со неистомислениците и оние врз кои не може да влијае, а не помислуваат да покренат постапка за општина Гостивар каде градоначалник е токму Арбен Таравари, за што ќе бидеме должни пред јавноста да ги изнесеме сите наводи и да побараме покренување на соодветна одговорност од институциите особено за противзаконското работење за горенаведените лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…
Штедете и гответе оброци што не бараат…
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…