Објавено на:

Град Скопје: Успешно реализирана “генералката” за чистење на Водно – На секои 10 килограми отпад ќе се засади по едно дрво

t

Над 200 волонтери успешно ја спроведоа големата акција за чистење на Водно „Генералка викенд“. Во добра работна атмосфера учесниците испратија многубројни пораки за почиста и поздрава средина и упатија апел до граѓаните сите заедно да го чуваме природното богатство и убавините на Водно, информираат од Град Скопје.

Денешните активности за чистење опфатија голем број локации на планината – пензионерската патека од врвот до Средно Водно, асфалтниот пат, потегот од Средно Водно до полициската станица, пешачката шумска патека, паркинзите на Средно Водно, просторот под телескопот, паркчето со фитнес справи и кај црквата, како и потегот кон Матка, видиковецот, кон Горно Соње и околу крстот.

Волонтерите учесници во акцијата беа опремени со ќеси за отпад и ракавици.

Градоначалничката Данела Арсовска упати благодарност до претставниците на приватниот сектор со кои се реализира оваа акција, како и до претставниците на дипломатските претставништва и волонтерите од Градот Скопје, од средношколците, до општините Гази Баба и Кисела Вода и вклучените јавни претпријатија. Значајно е да се нагласи дека партнерите во оваа акција ќе извршат селекција на собраниот отпад од Водно, а дополнително, за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце.

Заштитата на животната средина е приоритет на Град Скопје. Во текот на наредниот период Градот ќе организира и ќе се вклучи во голем број еколошки акции за чистење и унапредување на нашата околина.

Градот Скопје и во текот на изминатите месеци интензивно работеше на расчистување на дивите депонии и сметиштата во градот за да се уреди средината и за да се спречи потенцијалното загадување на воздухот.

Ваквите еколошки акции се еден од приоритетите на Градот Скопје, преку вклучување на граѓаните како волонтери, јавниот и приватниот сектор, со заеднички активности може да се постигне голем напредок во подигање на јавната свест за почиста средина и се мотив плус за Градот Скопје посветено да работи за поуреден и чист град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…