Град Скопје ќе додели средства за сите 10 скопски општини за нови паркови и зеленило

Советот на Град Скопје на денешната седница донесе повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка со скопските општини.
Со првата одлука, предвидено е Град Скопје да издвои средства за 10те скопски општини за реконструкција и хортикултурно уредување на постојните зелени парковски површини, како и садење нови садници и цвеќе. Од овие средства ќе се реализираат голем број на заеднички проекти со општините со кои ќе зголеми зеленилото во градот Скопје.
Советиците на денешната седница донесоа и две одлуки за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општината Кисела Вода, првата за изградба на атмосферска, додека втората за изградба на фекална канализација. Со првата одлука е предвидено целосно финансирање на изградбата на атмосферска канализација по дел од улиците Димо Хаџи Димов и Божидар Аџија – крак 2.
Со втората одлука, Град Скопје ќе ја финансира изградбата на фекалната канализација во населбата Градинар. Општина Кисела Вода во проектот ќе учествува преку финансирање на изработка на Урбанистички и Основен проект за линиски инфраструктурни градби на дел од булеварот Борис Трајковски за фекална канализација во населба Градинар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…
Кој се плаши да види колку народ…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…
Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од…
Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство…