Граѓаните да внимаваат! Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
Министерството за внатрешни работи (МВР) предупредува дека неколку граѓани добиле лажни електронски пораки од сторители кои се лажно претставуваат како директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).
Во пораките се барало од примачите да се јават во полиција или да испратат повратен е-маил во рок од 24 часа, тврдејќи дека се предмет на истрага за сериозни кривични дела, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.
МВР истакнува дека овие пораки не се испратени од БЈБ и станува збор за класична измама со цел да се дојде до лични податоци на граѓаните.
Апелот до граѓаните е:
Не отворајте сомнителни пораки.
Не контактирајте го испраќачот.
Не споделувајте лични податоци.
Не отворајте линкови или датотеки од непознати испраќачи.
МВР нагласува дека покани за истражни постапки никогаш не се испраќаат преку е-маил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните да внимаваат! Лажни електронски пораки во…
Министерството за внатрешни работи (МВР) предупредува дека…
Пендаровски: Никој освен Македонија не го смени…
Институтот за геополитика, економија и безбедност (IGES)…
Пирц Мусар: Нема да дозволиме крај на…
Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар,…
Дијана Хрка за разговорот со Вучиќ: Не…
Дијана Хрка, чиј син Стефан почина при…
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека до…