Граѓаните да внимаваат! Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ
Министерството за внатрешни работи (МВР) предупредува дека неколку граѓани добиле лажни електронски пораки од сторители кои се лажно претставуваат како директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).
Во пораките се барало од примачите да се јават во полиција или да испратат повратен е-маил во рок од 24 часа, тврдејќи дека се предмет на истрага за сериозни кривични дела, како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.
МВР истакнува дека овие пораки не се испратени од БЈБ и станува збор за класична измама со цел да се дојде до лични податоци на граѓаните.
Апелот до граѓаните е:
Не отворајте сомнителни пораки.
Не контактирајте го испраќачот.
Не споделувајте лични податоци.
Не отворајте линкови или датотеки од непознати испраќачи.
МВР нагласува дека покани за истражни постапки никогаш не се испраќаат преку е-маил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: За само пет дена 25 пријави…
Во периодот од 1 до 5 ноември,…
НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…
Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…
Пример за многу други: Хориха во првиот…
Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
Американските сили во подготвеност за можни удари…
„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…
Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…