Граѓаните трпат и плаќаат поскапи горива заради немањето стратегија на Владата
„Колку што сум информиран во текот на утрешниот ден практично имаме во Парламентот два закони кои што по скратена постапка треба да се донесат, а тоа е измената во законот за додадена вредност и измената во законот за акцизи. Иако ние тоа го предложивме уште таму некаде на крајот од минатиот месец за жал поради самобендисаноста би рекол и надменоста на оваа Влада, граѓаните изминативе две недели плаќаа за неколку десетици денари за литар поскапо гориво“,истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски додаде дека за жал Владата е таква, и поради нивната неспособност граѓаните плаќаат поскапо гориво изминативе две недели.
„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите деновиве, јас следејќи го она што е на меѓународните портали, следејќи го она кое што е актуелно во светот не очекувам дека нешто бргу ќе се измени во насока на смирување еве на состојбата каде што е конфликтно подрачје во моментов и каде што се случува тоа што се случува.
И некако не можам да ја издвојам Македонија од сето тоа и дека граѓаните во Македонија бидејќи немаше план за справување оваа Влада со сето ова кое што денеска се случува, ќе трпат последици на семејниот буџет на стандардот. Ќе трпат и тоа е само како резултат на погрешните политики и немањето стратегија и визија на актуелната Влада“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека од власта ќе бараат разно разни оправдувања, но тоа нема да им помине бидеjќи граѓаните им ја прочитаа неспособноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…
Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…
Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…