Грковска: Законот за рестриктивни мерки не е противуставен

t

Измените на Законот за рестриктивни мерки не може да бидат противуставни затоа што ако го дефинирате начинот на кој што ќе се постапува со лицата и компаниите кои ќе се најдат на црната листа на САД и Обединетото Кралство, и таа е врзана со веќе постоечкото македонско законодавство, тогаш не може да бидат противуставна, смета вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска.

– Сметам дека треба да бидеме свесни дека стратешкото партнерство со САД е клучно за нашата држава.

Ако САД биле наш недвосмислен поддржувач, историски гледано наназад, за постигнување на сите наши стратешки цели, и како народ и како држава, тогаш истото би требало да се однесува и кога станува збор за борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Сметам дека во најмала рака е несериозно ние да очекуваме од нашите стратешки партнери да поднесуваат посебни барања, како што налага актуелниот закон, наместо доколку се објават листи и компании на црната листа веднаш да се процесуираат во нашиот правосуден систем, рече вицепремиерката Грковска во вечерашното гостување во Топ тема на ТВ Телма.

Според неа, иницијативата со овој закон е да се поттикнат правосудните органи да бидат поефикасни и да го работат она што се очекува од нив.

Грковска посочи дека и по допрен глас може обвинителството да реагира, но за жал не сме виделе ниту еден чекор помрднување во таа насока.

Владата која првично ги одобри, па поради админситративни причини ги повлече предлог измените на Законот за рестриктивни мерки, синоќа на седница даде зелено светло за ова законско решение и го испрати на усвојување во Собранието.

Со предлог-измените на Законот за рестриктивни мерки, корумпираните актери во земјава кои се наоѓаат на „црната листа“ на САД, треба да подлежат на санкции согласно националното законодавство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемени безбедносни мерки во Чешка поради можен…

Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракусан…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Засилени мерки за безбедност во трговските центри…

Министерството за внатрешни работи им порача на…

Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…

Мерките и политиките на СДСМ во насока…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…