Груби: Европскиот предлог на било кој начин не го загрозува македонскиот јазик и идентитет

t

Првиот вицепремимер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс, со кој разговараше за актуелните состојби во земјата и регионот, соработката во рамките на НАТО, билатералните односи, како и за последните случувања поврзани со процесот на евроинтеграција на земјата.

Како што информираат од неговиот кабинет, Груби ја поздрави континуираната соработка со Унгарија, посочувајќи дека земјава ја цени унгарската поддршка за добивање на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, како и подготвеноста за споделување на експертски искуства.

Tој истакна дека за стабилноста и безбедноста на регионот, како и во контекст на новите геополитички околности многу значајно е деблокирањето на евроинтеграцискиот процес и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Груби изразил целосно уверување дека европскиот предлог за одржување на првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите за членство во Европската унија не го загрозуваат на било кој начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик.

„Политичарите се избираат за да носат одлуки, затоа потребна е смелост за донесување одлуки што ја гарантираат иднина за земјата, а не личната кариера на некој функционер. Опозицијата секогаш била против сите ставови и стратешките одлуки за земјата, а историјата докажала дека била на погрешна страна“, истакна Груби.

Тој на амбасадорот Ласло Иштван Дукс му се заблагодари за дипломатскиот ангажман и посветеност и за неговиот придонес за унапредување на односите меѓу двете земји.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…

Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…

(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…

Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…