Груби за посетата на Курти во Тетово: Непотребен театар, да ги почитуваме знамето и химната!

t

Градоначалниците на Тетово Билал Касами, и на Чаир, Висар Ганиу, продаваа фолклоризам и провиден патриотизам за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти, истакна денес вицепремиерот Артан Груби при посетата на Општина Гостивар. Според Груби, Касами и Ганиу се обиделе да го злоупотребат косовскиот премиер Албин Курти.

Градоначалниците на Тетово и на Чаир го поканија Курти и ја одржаа агендата само поради политички поени за себе и за партиите, иако посетата на косовскиот премиер е добредојдена, додаде Груби.

„Треба да ги почитуваме знамето, химната и законските обврски кои ги имаме. Тој театар кој се приредува е непотребен. Тоа го бараат во недостиг на проекти и иден. Посетата на Курти е добредојдена. Тој често доаѓа. Ова беа локални настани на две општини. Пројдено е времето на фолклоризмот и граѓаните ценат работи, проекти, реализација, а не фолклоризам и провиден патриотизам кој беше промовиран од тие кои го поканија Курти и се обидоа да го злоупотребат за партиска дневна агенда. Очигледно не добија. Се виде дека името на улицата не е сменето од Општината туку од Градот Скопје и Владата. И патот Скопје-Призрен не може тие да го прават туку Владата на РСМ со Владата на Косово“, рече Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за четири физички и едно правно…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Прегазен 82-годишен маж во Тетово

На 05.12.2024 во 20.50 часот во СВР…

Претрес во Тетово – пронајдена дрога

На 30.10.2024 околу 12 часот во Тетово,…

Голема акција на ОЈО во Тетово и…

Под раководство на јавен обвинител од Основното…

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

На 12.10.2024 во 17.40 часот во Тетово,…