Груби им ја одзема училишната зграда на тетовските гимназијалци од македонска настава – Според Касами тоа е одмазда
Со одлука донесена на 20 јули оваа година, а потпишана од првиот вицепремиер Артан Груби, се одзема една зграда од тетовската гимназија во која учат учениците од македонска настава и објектот му се доделува на тетовскиот Катастар. Македонските ученици од тетовската гимназија сега учат во два објекти од старото медицинско училиште, па ако се реализира оваа одлука , односно ако им се одземе едната зграда, тогаш околу 80 ученици ќе останат без можност за натамошно школување во гимназијата, бидејќи ќе нема каде да ја следат наставата. На ваквата одлука остро реагира градоначалникот на Тетово Билал Касами кој вели дека ова е само одмазда на ДУИ, но и на СДСМ за претрпениот пораз на последните избори за Совет на општина Тетово.
„Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал одлука, со која старата зграда на медицинскиот училиштен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово. Како што може да се види, со оваа одлука, овој објект без потреба и без никаква претходна консултација, се дава на користење на Катастарот. Оваа одлука ја оценуваме како самоволна и како одмазда со казнување на образованиот процес и учениците од Тетово, знаејќи дека во овој објект се држи настава. Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување“, изјави градоначалникот Касами на денешната прес-конференција.
Според Касами, Владата со оваа одлука го прекршила Законот за основно и средно образование од 2004 година со кој сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа, односно на општините. За оваа одлуката на Владата тој најави дека ќе ги информираме сите дипломатски претставништва во земјава, амбасадата на САД, ОБСЕ, УНИЦЕФ, дека во Тетово се кршат правата на децата и граѓаните.
Голготата на учениците кои ја следат наставата на македонски јазик во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ трае веќе 20 години. Во 2002 година, по завршувањето на конфликтот, поради опасност од избивање меѓунационални тепачки помеѓу албанските и македонските ученици, беше решено учениците кои ја следат наставата на македонски јазик да се издвојат и да учат во друг објект надвор од централната зграда на гимназијата. Изминативе 20 години овие ученици учеа во ОУ „Гоце Делчев“, во Работничкиот универзитет, во една руинирана барака на старото медицинско училиште, речиси цела една година наставата ја следена во салата на Општина Тетово во знак на протест поради немањето соодветен простор за следење на настава, неколку пати поради ова правеа и протести, за конечно, откако двете згради на старото медицинско училиште беа внатрешно реновирани, изминативе две години наставата се одвива тука. Досега и од ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт, и сега од СДСМ, беше ветувано дека за учениците од македонска настава ќе им се изгради нов современ училиштен објект, но од тоа остана само ветувањата.
Извор: Сакам да кажам
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…
Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…
Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…
Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…
АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…
Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и…
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во…