Груби: На долгото чекање му дојде крајот – чекориме на патот кон ЕУ

t

„Проект по проект, предизвик по предизвик, решенија за сите прашања од ова прогресивно, евро-американско, храбро и визионерско мнозинство. На долгогодишното чекање да отпочнеме да чекориме кон големото европско семејство денес му дојде крајот“, вели првиот вицепремиер Артан Груби во соопштение од неговиот кабинет.

„Денес ставивме крај на предизвиците со кои се соочувавме последните години! Го изградивме вистинскиот пат како прогресивна сила за да му покажеме на западниот свет дека немаме друга алтернатива, освен Европската унија, а денес тоа го докажавме. Денеска ставивме крај и на надежите на регресивните проруски сили кои сакаа да ја дезориентираат земјата.

Граѓаните денес му свртеа грб на протагонизмот за политички поени, не дозволија да подпаднат на измамата и националистичката пропаганда на една апсурдна конфузија, а преку своите избраници во домот на демократијата го кажаа нивниот збор дека ја сакаат Европска Македонија. Заедно, достоинствено и со сите наши демократски капацитети ќе патуваме до конечното остварување на нашиот сон за интеграција. Ни претстои многу работа и одговорност, но со решителност, соработка, како и голема поддршка од земјите од ЕУ и САД ќе успееме заедно“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…

Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…

„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…