Груби објасни зошто Бехтел и Енка, а не ГРАНИТ ги гради Коридорите 8 и 10д: Во десет години еден сантиметар пат немаме пуштено
Досега градевме пет и пол километри годишно, со овој договор ќе градиме од 22 до 25 километри годишно, сакаме да изградиме патишта додека и јас и ти можеме да возиме, вели во денешната епизода на “МРЕЖА” првиот вице-премиер Артан Груби.
-Земете го кинескиот пример, таму работи и ГРАНИТ, од 2013 година се работи, еден сантиметар нема пуштено во употреба официјално. Скопје-Блаце, 2019 потпишан, денеска сме 2023 година, за 2 километри над 24 милиони евра отиде цената, нема еден сантиметар пуштен, да не зборуваме за другите автопатишта во државата.
Затоа пристапивме кон нов модел на градење и проектирање брзо, навремено и квалитетно, гледајќи ги искуствата од регионот и целиот свет.
Ние господинот Вучиќ го прашавме за оваа тема и кажа дека најдобра одлука му била да ги даде автопатиштата на Бехтел, им дадоа и дополнителни автопати кои не биле предвидени. Постапивме на овој начин за да имаме автопатишта во нашиот животен век.
Просекот е 12 милиони евра по километар и е во рамките на просекот во земјата и во целиот Западен Балкан.
Порано се проектирало лошо, се правеше за Скопје-Блаце нов тендер за два километри, ГРАНИТ го доби тој тендер и сега се завршува експропријацијата на новиот проект. Во сите проекти има круцијални, есенцијални проблеми во проектирањето и никој не презема никаква законска одговорност за лошо проектирање.
Кичево-Букојчани проектот предвидуваше да помине автопатот на сред село и сега тој проектант претпоставувам го правел на копмјутер проектот никогаш не излегол на терен дали има свлечишта, треба тунел и слично, добил од градежен факултет виза и добил тендер и зради такви проблеми сите наши патишта се закочени, вели Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Груби објасни зошто Бехтел и Енка, а…
Досега градевме пет и пол километри годишно,…
Апасиев: Епа, дојде денот за мегдан!
Продолжува инаетот на власта за измените на…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…
(Видео) Груби: Ќе има Албанец премиер во…
Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за…