Груби оптимист: Во опозицијата има проевропско крило подготвено за уставни измени
Гледаме развивање на едно проевропско крило и во опозицијата што ме радува многу затоа што имаме потреба од опозиција која е евроатлантски ориентирана посебно во овие предизвикувачки времиња за државата, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби.
Тој вели дека проевропското крило во опозицијата ќе ги поддржи уставните измени.
„Јас сум оптимист затоа што имаме апсолутна поддршка од сите проевропски сили во земјава и надвор во однос на уставните измени и во однос на продолжување на европскиот пат на нашата држава. Гледате дека ништо не се случи по одржувањето на меѓувладината конференција во Брисел. Се уште зборуваме македонски. И јас денеска зборувам македонски, пишуваме македонски и никој не не бугаризираше, не не асимилираше и сето тоа беше една лажна вест и една пропаганда исто како што беше лажна вест и Тиранската платформа и дека сите Македонци ќе мора да учат албански јазик или дека ќе се подели Македонија“, изјави денеска првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по одбележувањето на годишнината од формирањето на Агенцијата за национална безбедност.
Тој истакна дека проевропските сили во опозицијата ќе ги надвладеат контрарегресивните кои не сакаат земјата да ја видат во ЕУ.
Порталот на албански јазик Журнал, кој важи за близок на Артан Груби, денеска во редакциски коментар со наслов „Малите партии во власта да не го разгоруваат огнот, бидејќи можат и самите да се изгорат“, пишува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот е најмала опасност за Македонија, а избори сега не се потребни, за да не му се наштети на ЕУ-патот.
„Малите партии, кои се дел од владината коалиција, почнаа да ‘клоцаат’, гледајќи дека власта тешко наоѓа доволен број на пратеници за промена на Уставот. Во ситуација на вакви тешкотии, овие партии ѝ се закануваат на власта: или ќе добијат поголемо учество во власта, или ќе бараат предвремени парламентарни избори… Помалите парламентарни партии во најтешките моменти за власта гледаат како да добијат некоја поголема функција и така да добијат и повеќе гласови на следните избори… Предвремени парламентарни избори не се потребни, особено не пред да почнат целосните преговори за интеграција во Европската Унија. Отворањето на Уставот и вклучувањето на Бугарите во него, заедно со другите малцинства како што се Хрватите, Црногорците, Египќаните и македонската заедница со израелски корени, е најмалата опасност, што може да ѝ се случи на државата, а тоа е големата отворена врата за интеграција во ЕУ…“, пишува во коментарот.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…
Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…
Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…
Владата во постапката за донесување закони, а…
Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…
Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…
Антикopyпциска го иcкapa Гpyби го пpeкршил Кодексот…
Антикорупциската комисија на денешната седница констатираше дека…