Груби: Оставките на министрите на ДУИ го отворија патот на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во македонската Влада Артан Груби во синоќешното интервју за косовската телевизија Т7 изјави дека одлуката за оставки на министрите од редовите на неговата партија – Демократската унија за интеграција (ДУИ) се во функција на интеграциите на Македонија во Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со одлуката за депонирање на оставките од страна на министрите, ДУИ ѝ го отвори патот на македонската опозиција за да гласа за уставните измени и оти се откажуваат од ветувањето дадено на последните парламентарни избори за премиер Албанец во Македонија, „за доброто на граѓаните и во полза на интеграцијата во ЕУ“.
– Ако ние одиме во опозиција, при што опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ) би ги гласала уставните измени, за што се потребни две третини во Собранието, ние сме кажале дека за иднината на нашата земја сме подготвени да се откажеме и од привремена влада и од премиер Албанец и од нашите мандати. Од сé што е политички договор на коалицијата ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени, изјави Груби за Т7.
Членот на раководството на ДУИ потсети дека услов на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за таа партија да гласа за вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав било „излегувањето на ДУИ и на Албанците од македонската влада и формирањето моноетничка влада“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
-Познато е дека пред два месеци имаше средба меѓу премиерот (Димитар) Ковачевски и опозицискиот лидер, г. Мицкоски, при што Мицкоски нагласи дека единствен услов на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да ги гласа уставните измени, кои се услов за продолжување на нашиот европски пат, е излегувањето на ДУИ и на Албанците од македонската влада и формирањето моноетничка влада на двете главни македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Значи, на опозицијата не ѝ пречи вклучувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот, не ѝ пречи ништо друго, туку ѝ пречи Албанците да бидат во владата и ѝ пречи еднаквоста меѓу Македонците и Албанците, рече Груби.
Одлуката за оставки на министрите, додаде македонскиот вицепремиер, не е ненадејна, затоа што „определба на г. Ахмети и на ДУИ за целосна интеграција на Македониај во ЕУ не од денеска, не од вчера, туку е актуелна уште од основањето на партијата“.
Груби нагласи дека во случај на предвремени парламентарни избори, ДУИ нема намера да настапи сама, туку ги повикува сите други албански политички партии со проевропски ставови да се обединат во еден проевропски политички фронт.
Лиедрот на ДУИ, Али Ахмети, вчера објави дека министрите од неговата партија поднеле оставки од функциите, кои ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.
-Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата на Али Ахмети на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ до Мицкоски: Дали добивате „паничен напад…
Демократската унија за интеграција најостро го осудува…
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…
ДУИ до Јаневска откако застанаа против интонирањето…
Демократската унија за интеграција со реакција до…