Груби: Со истиот закон како во Македонија, Бехтел и Енка градат автопат во Србија
Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат градбата, само ја поскапуваат и пролонгираат. Од пратениците зависи дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо вели првиот вицепремиер Артан Груби во објава на социјалните мрежи.
– Со истиот посебен закон, со истиот договор, фирмата Бехтел – Енка гради и во Србија, каде државните органи денеска пуштија во употреба дел од автопатот. Кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, со истата фирма е склучен договор за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација. Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат изградбата, само да ја зголемат цената и да го продолжат рокот за завршување напиша Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција ќе се отворат дополнителни центри…
Дополнителни пет центри за вакцинација против мпокс…
Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…
Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…
ЕУ на помош во Грција – пожарите…
Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…
Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…
Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…