Груби ќе ги тужи Лефков!
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска информира дека ќе ја тужи ВМРО-ДПМНЕ, поради како што вели, „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д“.
-Многу е гласен, ама не е храбар. Му упатив барање да се извини и на вашата партија. Партијата го прифати, а тој избегнува некако кукавички. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига храброст во јавност, туку само ја користи говорницата во Собранието. За сето тоа што е клеветено ќе се соочиме и ќе се видиме, им порача Груби на пратениците од најголемата опозициска партија, обраќајки му се на пратеникот Миле Лефков.
Тој додаде: „Ако има криминал тука сум, не се кријам како вас“.
-ВМРО-ДПМНЕ да помогне во изградбата на Македонија. Се надевам новите ветришта во партијата се конструктивни и ќе дадат придонес, рече Груби околу потребната поддршка за уставните измени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…