Груевски за “најчистиот јазик”: Сите меѓународни договори се потпишуваат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК! Не знам дали народот затупел или власта така го третира
Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на “НАЈЧИСТ” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна одстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но не знам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат? – пишува поранешниот премиер Никола Груевски како коментар на папагалското повторување на власта дека договорот со ФРОНТЕКС е потпишан на чист македонски јазик.
– Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме.
На ист начин функционираат сите држави.
Никој досега не побарал од Македонија да не биде така.
Тоа не е предмет на спор или дебата со никого.
Тоа не е тема во ниту еден спор.
Отворениот спор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес.
Како се викале јазикот, историјата и нацијата до августц1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска.
Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски.
Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни.
На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи.
По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на ЧИСТ, НАЈЧИСТ, НАЈ НАЈ ЧИСТ, ОРГИНАЛЕН, ОРТОДОКСЕН и 100% македонски јазик. И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет…
И?
Ние сите демек треба да “паднеме во несвест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата?
Неверојатно е со какви глупости го занимаваат или само мислат дека го занимаваат.
После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фрустрација и бес ќе создадат, иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интриги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно, наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф!
Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот.
И спротивно, бесот и гневот се удвојува кога покрај се, уште и се мамат со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст.
Всушност тоа е универзално правило, напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…